ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА НАС И НАШАТА КОМПАНИЈА
Завеси ,,Громби” е дел од компанијата ,,ПРОДАН-ПРОМЕТ” ДООЕЛ, основана во 1992 година. Започнува како фамилијарен бизнис за трговија со метража за лесна и тешка конфекција, за подоцна нашата главна дејност да биде продажба на лесни и тешки завеси (драперии) и нивна изработка, како и сопствено производство и трговија на завеси со механизам во кои спаѓаат:
– Зебра (ден и ноќ) завеси
– Вертикални зебра завеси
– Роло завеси
– Плисе завеси
– Класични завеси и драперии
– Дрвен венецијанер
– Силует (3Д) завеси
– Римски (каскадни) завеси
– Панелни завеси итн.
Повеќе од 30 години неуморно се трудиме да ги приближиме светските трендови до македонските домаќинства, кога станува збор за завеси што ќе ги красат вашите прозори, а во исто време ќе бидат практични и лесни за одржување.
Како лидери во производството на завеси со механизам на македонскиот пазар, ви нудиме најширок асортиман на модели, дезени и бои по најпристапни цени, избрани да задоволат сечии вкусови.