РОЛО ЗАВЕСИ
Роло завесите се разликуваат од зебра завесите по структурата на платното. Тие се одликуваат со минималистички дезен и едноставност при употреба.
Поради нивната едноставност и начинот на управување со нив, роло завесите претставуваат популарен производ и најчесто се користат во деловни објекти (канцеларии, угостителски објекти, училишта, бутици и сл.).
ДЕТАЛИ ЗА ПРОИЗВОДОТ
Во системот роло завеса се наоѓа механизам, бела или крем алуминиумска кутија (отворен или затворен систем) и платно. Платното е единечно и без видни полиња. Продорот на светлина може да се регулира со изборот на платно. Во понуда се платна коишто пропуштаат повеќе или помалку светлина:
– Black-out платно – во потполност го спречува продорот на светлина
– Screen (транспарентно) платно – се одликува со посебна структура која дозволува продор 1%-5% светлина, додека пак, спречува продор на УВ зраци, а со самото тоа и загревање на просторијата.
Движењето на платното е рачно со помош на ланче, а карактеристично за нив е тоашто при подигање или спуштање, можат да застанат во било која положба, такашто вие управувате со тоа колку сончева светлина сакате да пропуштите во просторијата.
Дополнителни информации
Голем избор на платна: еднобојни, дезенирани, мрежести, принт, blackout итн.
Вид на монтажа: ѕид или плафон.
Напомена:
Монтажата и земањето мерки е вклучено во цената. За дополнителна заштеда на време и пари (клиентот сам зема мерка и сам монтира, види инструкции [LINK] кој води до видео-туторијал за монтажа и мерење] )
-Карактеристики на платно: состав 100% полиестер, сите платна се антистатички (не збираат прашина), антибактериски и антиалергени, лесни за одржување (види во [LINK] кој води до ,,начесто поставувани прашања”), заштеда на време и пари.