ЗАВЕСИ

При изборот на лесни завеси треба да се има предвид намената на просторијата која се уредува. Можат да бидат до самиот под, да го покриваат подот или кратки кои завршуваат до самите прозори.

Располагаме со широк спектар на дезени и бои: цветни мотиви, пругасти, везени, дискретни или само провидни.

Завесите ги изработуваме според вашите мерки, стручно и прецизно.

Посебно внимание обрнуваме на траките за набор, коишто даваат посебен ефект и додатно го оплеменуваат просторот.

Untitled Design (1)

ДРАПЕРИИ

Драпериите претставуваат ткаенини кои се одликуваат со густина и исполнетост и можат да бидат во различни бои и дезени. Најчесто одат во комбинација со лесни завеси, со што на просторот му даваат длабочина и мир во склад со вашите идеи и желби.

Погодни се за затемнување на просторијата и одговараат (се вклопуваат) како во старински, така и во модерен или пак авангарден стил.

Untitled Design (2)

НАПОМЕНА: Изработката на лесни и тешки завеси (драперии) е БЕСПЛАТНА.

Scroll to Top