ЗЕБРА ЗАВЕСИ

Зебра завеси или познати како дупло роло/роло ден и ноќ претставуваат практична и модерна варијанта за заштита од сонце, заштита на приватноста, а истовремено и декорација на вашиот дом или деловен објект (канцеларија, ординација, ресторан и сл.).

Зебра завесите имаат двојна функција: пропуштање на светлината и затемнување.

Image00029

МИНИ ЗЕБРА ЗАВЕСИ


Мини зебра системот претставува алтернатива во случаи кога алуминиумското куќиште не може да се постави ниту на ѕид, ниту на плафон или по желба на клиентот.

Системот мини зебра се поставува на самата рамка од прозорот/вратата.

Image00004

ДЕТАЛИ ЗА ПРОИЗВОДОТ

Во системот зебра завеса се наоѓа механизам, бела или крем алуминиумска кутија (отворен и затворен систем) и платно. 

Платното има пругаст дезен и е двострано поставено. Има наизменични проѕирни и непроѕирни ленти што овозможуваат пријатна игра со светлината. 

Image00004

Движењето на платното е рачно со помош на ланче, со што сами ја контролирате количината на светлина во просторијата. 

Исто така, завесата може во потполност да се подигне во алуминиумската кутија и визуелно да се елиминира, а со тоа да се зголеми целосно светлината во просторијата.

Fabric Blinds Window Man Opens Fabric Blinds

Дополнителни информации

Повеќе од 500 дезени на платна: еднобојни, шарени, плисирани, дезенирани, везени, принт, детски итн.

Вид на монтажа: ѕид, плафон,
рамка на прозор.

Напомена:

Монтажата и земањето мерки е вклучено во цената. За дополнителна заштеда на време и пари (клиентот сам зема мерка и сам монтира, види инструкции [LINK] кој води до видео-туторијал за монтажа и мерење)

-Карактеристики на платно: состав 100% полиестер, сите платна се антистатички (не збираат прашина), антибактериски и антиалергени, лесни за одржување, заштеда на време и пари.
-Не собираат прашина

Scroll to Top