ВЕРТИКАЛНИ ЗЕБРА ЗАВЕСИ

Вертикалните зебра завеси со механизам оддаваат изглед на луксузните традиционални завеси. Идеални се за простории каде што има поголемо застаклување (домови, канцеларии, сали и сл.).

Она што ги чини најмодерни видови завеси е тоашто кога се на ,,ден” варијанта пропуштаат доволно светлина, додека на т.н ,,ноќ” варијанта го затемнуваат просторот и овозможуваат да се скриете од несаканите погледи и да добиете приватност којшто ја заслужувате без да спуштате ролетни.

Viber Image 2023 10 12

ДЕТАЛИ ЗА ПРОИЗВОДОТ

Системот на вертикална зебра завеса го сочинуваат: алуминиумски корниз – на којшто се прикачени вертикални ленти од материјал и дезен кој ги бира самиот клиент, ланче и врвца. Со вертикалната зебра завеса имате одлична контрола на продорот на светлина, бидејќи овозможуваат промена на степенот и аголот на осветлување.

Image00004 2

Тоа се прави со помош на ланче, при што лентите се ротираат околу сопствената оска (кон лево или десно).

Додека пак, со помош на врвцата, лентите можат потполно да се повлечат на една или друга страна од прозорот или да се поделат по средина како што се прави со класичните завеси.

Дополнителни информации

Голем избор на платна: еднобојни, дезенирани, мрежести, принт, blackout итн.

Вид на монтажа: ѕид или плафон.

Напомена:

Монтажата и земањето мерки е вклучено во цената. За дополнителна заштеда на време и пари (клиентот сам зема мерка и сам монтира, види инструкции [LINK кој води до видео-туторијал за монтажа и мерење] )

-Карактеристики на платно: состав 100% полиестер, сите платна се антистатички (не збираат прашина), антибактериски и антиалергени, лесни за одржување (види во [LINK] кој води до ,,начесто поставувани прашања”), заштеда на време и пари.

Scroll to Top