Премини на содржината
Громби Завеси

За нас

Над 30 години искуство во изработка на завеси по мерка во Македонија.

Видови на системи
18+
Достапни дезени на залиха
840+
Години искуство
33+
Можности и решенија
∞

Завеси Громби е дел од компанијата ПРОДАН-ПРОМЕТ ДООЕЛ, основана во 1992 година. Започнавме како фамилијарен бизнис за трговија со метража за лесна и тешка конфекција, за подоцна нашата главна дејност да биде продажба и изработка на лесни и тешки завеси (драперии), како и сопствено производство на завеси со механизам.

Повеќе од 30 години неуморно се трудиме да ги приближиме светските трендови до македонските домаќинства, со завеси кои се практични, лесни за одржување и долготрајни. Низ годините, Громби континуирано расте, се развива и ги унапредува своите производствени стандарди, за денес да располага со современ производствен погон за изработка на завеси, кој го сочинуваат тим на искусни професионалци, посветени кон исполнување на потребите и очекувањата на потрошувачите.

Водени од грижата за своите клиенти, во Громби, квалитетот е основа на сѐ што создаваме, додека пак, квантитетот е она што ги воодушевува нашите клиенти и им нуди голема слобода при изборот.

Како лидери во производството на завеси со механизам на македонскиот пазар, нудиме широк асортиман: Зебра и мини зебра (ден и ноќ) завеси, Вертикални зебра завеси, Роло и Дуал роло завеси, Плисе завеси, Класични завеси и драперии, Дрвен венецијанер, Силует завеси, Плисе преградни врати, Вариолајт, Венецијанер, Римски (каскадни) завеси, Панелни завеси, Zip систем, Комарници и сл. — сите изработени точно по мерка и со професионална монтажа.

Покрај малопродажбата, успешно развиваме и големопродажна мрежа, обезбедувајќи сигурна поддршка, конкурентни услови и сигурни решенија за долгорочна соработка со нашите деловни партнери.

Зошто нас?

Причини да ни верувате

33+години искуство
  • Изработка по мерка

    Секоја завеса е автентична и кроена исклучиво според точните димензии на вашите прозорци.

  • Професионална монтажа

    Нашиот стручен и искусен тим ги определува техничките можности и ги монтира завесите брзо и уредно.

  • Голем избор

    Стотици дезени, бои и системи кои со сигурност ќе се прилагодат на вашиот стил и простор.

  • Бесплатен сервис

    За завеси купени од кај нас, обезбедуваме бесплатен и брз сервис во зависност од видот и потребата.

Подготвени сте за нови завеси?

Контактирајте нè за бесплатна понуда и совет — дополнителен попуст доколку самите ја монтирате завесата.