Премини на содржината
Громби Завеси
B2B · хотели · ресторани · угостителство

HoReCa програма (Hotel-Restaurant-Café) — завеси и додатоци за хотелски и угостителски објекти

Громби HoReCa е специјализирана програма која вклучува решенија за хотели, ресторани, хали, апартмани, кафетерии, свечени сали и останати угостителски објекти според намената и специфичните барања на инвеститорот, каде што практичноста, естетиката и одржливоста мора да функционираат како едно!

Побарај проектна понуда

Како компанија доверена од голем број на приватни и јавни институции, започнуваме од изборот на соодветни материјали (blackout, dimout, огноотпорни, термоизолациони), како и стручни совети од наша страна. Потоа, следува стручно мерење на позициите, производство и професионална монтажа на нашиот тим.

Наш најдраг и најголем предизвик на кој посветуваме најголемо внимание се комплексните проекти и „bulk“ нарачки, обезбедувајќи сигурност и координација од првиот момент до самата реализација.

Зошто Громби за угостителски проекти?

  • Bulk нарачки по проектни цени

    Специјални услови и оптимизирани цени за поголеми количини.

  • Огноотпорни (fire-retardant) ткаенини

    Сертифицирани материјали со зголемена отпорност на пламен за јавни и комерцијални објекти каде безбедноста е приоритет.

  • Лесно одржливи материјали

    Практични и издржливи платна, дизајнирани за едноставно чистење и секојдневна, интензивна употреба и задржување на првобитниот изглед.

  • Приоритетна испорака и запазување на даден рок

    Прецизно планирана динамика на производство, испорака и монтажа, со цел навремена реализација според договорените рокови и желбите на инвеститорот.

Производи препорачани за угостителски објекти

Пет системи кои најдобро ги покриваат потребите на хотели, ресторани и деловни објекти:

Покрај комплетните решенија на завеси и останати системи, нудиме и хотелски текстил по мерка, внимателно изработен според стилот и барањата на клиентот, со цел просторот да добие целосно усогласен и професионално заокружен визуелен идентитет.

Процес на реализација на HoReCa проект

  1. 01

    Иницијален контакт

    Краток разговор за обемот на проектот, вашата желба и идеја и теренска посета.

  2. 02

    Теренски преглед и проценка на просторот

    Прецизно мерење на сите позиции со соодветни забелешки, предлози и решенија.

  3. 03

    Детална понуда по ставки

    Детална проектна понуда по ставки за материјали, цени, сертификати и сл.

  4. 04

    Производство со приоритет

    Ваквите нарачки минуваат низ приоритетна линија во нашиот погон во Прилеп.

  5. 05

    Фазна или целосна монтажа

    Можност за целосна монтажа или монтажа по етапи за да не се прекинува работата на објектот.

  6. 06

    Постпродажен сервис и поддршка

    Проверка на секој систем, финално подесување и обезбедување понатамошен сервис и техничка поддршка по реализацијата.

Побарај проектна понуда

Испратете краток опис — ви враќаме ориентациона проектна понуда во рок од 24 часа.

Често поставувани прашања

  • Нудите ли огноотпорни завеси со сертификат?

    Да. За хотелски соби и јавни простори нудиме платна со fire-retardant третман и сертификат, согласно европските стандарди за угостителство.

  • Колку е минималната нарачка за проектни цени?

    Проектните цени важат за нарачки над 20 единици. За помали проекти — јавете ни се, секогаш наоѓаме решение.

  • Дали монтирате надвор од Прилеп?

    Да, монтираме низ цела Македонија. За HoReCa проекти патните трошоци се вклучени во проектната понуда.

  • Кое е времето за реализација на HoReCa проект?

    За проект со 30–60 соби типично 3–5 недели од потпишувањето на понудата до завршена монтажа. Зависи од обемот и материјалите.

Подготвувате нов хотел или реновирате?

Испратете краток опис — ви враќаме ориентациона проектна понуда во рок од 24 часа.