# За нас

> Над 30 години искуство во изработка на завеси по мерка во Македонија.

Canonical HTML: [https://grombizavesi.mk/za-nas/](https://grombizavesi.mk/za-nas/)
Site guide: [https://grombizavesi.mk/llms.txt](https://grombizavesi.mk/llms.txt)

Завеси Громби е дел од компанијата ПРОДАН-ПРОМЕТ ДООЕЛ, основана во 1992 година. Започнавме како фамилијарен бизнис за трговија со метража за лесна и тешка конфекција, за подоцна нашата главна дејност да биде продажба и изработка на лесни и тешки завеси (драперии), како и сопствено производство на завеси со механизам.

Повеќе од 30 години неуморно се трудиме да ги приближиме светските трендови до македонските домаќинства, со завеси кои се практични, лесни за одржување и долготрајни. Низ годините, Громби континуирано расте, се развива и ги унапредува своите производствени стандарди, за денес да располага со современ производствен погон за изработка на завеси, кој го сочинуваат тим на искусни професионалци, посветени кон исполнување на потребите и очекувањата на потрошувачите.

Водени од грижата за своите клиенти, во Громби, квалитетот е основа на сѐ што создаваме, додека пак, квантитетот е она што ги воодушевува нашите клиенти и им нуди голема слобода при изборот.

Како лидери во производството на завеси со механизам на македонскиот пазар, нудиме широк асортиман: Зебра и мини зебра (ден и ноќ) завеси, Вертикални зебра завеси, Роло и Дуал роло завеси, Плисе завеси, Класични завеси и драперии, Дрвен венецијанер, Силует завеси, Плисе преградни врати, Вариолајт, Венецијанер, Римски (каскадни) завеси, Панелни завеси, Zip систем, Комарници и сл. — сите изработени точно по мерка и со професионална монтажа.

Изработката на лесни и тешки завеси (драперии) кај нас е БЕСПЛАТНА — плаќате само за материјалот и услугите за завеси со механизам.

Покрај малопродажбата, успешно развиваме и големопродажна мрежа, обезбедувајќи сигурна поддршка, конкурентни услови и сигурни решенија за долгорочна соработка со нашите деловни партнери.
